Новиот вид на вирусот Ковид-19 што најавува враќање на заштитните маски, потврден и на Балканот – се шири како молња и има еден карактеристичен симптом

Најновите податоци од Националната здравствена лабораторија во Словенија покажуваат дека меѓу примероците позитивни на вирусот Ковид-19, кои се направени помеѓу 24. март и 7. април, потврдиле дека во земјата е присутна новата подваријанта на омикрон – XBB.1.16. или арктурус

Новите симптоми како чешањето, конјунктивитис и високата температура се појавуваат таму каде што веќе е откриена варијантата, но засега не се забележани сериозни компликации кај позитивните лица, објави N1.

Најновите податоци од Националната здравствена лабораторија во Словенија, покажуваат дека меѓу примероците позитивни за вирусот направени помеѓу 24. март и 7. април во Словенија, тие потврдиле еден случај на најновата омикронска подваријанта XBB.1.16, позната како арктурус.

Моментално во Словенија доминира варијантата XBB.1.5. Од нив 77 тестирања се направени во наведениот период.

Според Светската здравствена организација (СЗО), најновата подваријанта е слична на доминантната омикронска варијанта XBB.1.5., но има дополнителна мутација во протеинот на шилецот и е откриено дека е поинфективна и патогена во лабораториските студии.

Иако тоа може да значи дека би можело да се шири побрзо, нема индикации дека ќе предизвика потежок тек на болеста“, соопштува СЗО.

XBB.1.16., односно, арктурус создава многу проблеми во Индија, каде што бројот на активни случаи постојано се зголемува во последните недели.

Во некои делови од земјата повторно е воведено задолжителното носење маски, а тамошниот министер за здравство повика на помасовни тестирања и превентивни мерки во болниците.

Педијатар од Индија и поранешен прв на Одделот за имунизација на индиската академија за педијатрија, „Vipin Vashishtha“, забележал меѓу симптомите кај децата појава на нови симптоми, главно висока температура, кашлица и чешање конјунктивитис, без гној. Овие симптоми не беа забележани во претходните варијанти.

Ненадејно зголемување поради споменатата подваријанта е забележано и во САД, Канада, Сингапур, Австралија и Јапонија. Меѓу другите, откриен е во Данска, Германија, Шпанија, Холандија и Шведска, како и во Италија, пишува N1.

арктурусКовид-19СЗОСловенија