Приватниот живот на Емина Јаховиќ е вистинска енигма и за домашните и за странските медиуми, кои без престан го следат секој чекор на пејачката, а бидејќи таа не сака да споделува детали од својата приватност, новото момче на Емина Јаховиќ е тема за која постојано се зборува.
Откако се разведе со Мустафа Сандал , пејачката продолжи да живее во Истанбул со синовите Јаман и Јавуз, кои се центарот на нејзиниот свет, а го запостави и емотивниот живот. Таа накратко беше во врска со турскиот бизнисмен Садетин Саран, а по таа врска речиси ништо не се знаеше за емотивниот статус на Емина.
Меѓутоа, турските медиуми ексклузивно открија дека таа е повторно заљубена и среќна, а новото момче на Емина Јаховиќ, со кое ужива во љубовта веќе два месеци и со кој ги помина празниците на Малдиви, е Курт Даниел Сантеј, кој е четиринаесет години постар.
Откако ја напушти сопругата пред две години, тој се врати во Истанбул, има две деца и е многу познат и влијателен во деловните кругови.
Се уште не се знае дали Емина ги запознала децата на Курт, но според медиумите, нејзиниот избраник ги освоил срцата на наследниците на пејачката.