НОВИОТ ЗАКОН ГИ ЗГОЛЕМИ ЦЕНИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Од 1 декември овие производи значително ќе поскапат, еве ја главната причина

Од декември пијалоците во Германија би можеле значително да поскапат. Причината за тоа е новиот федерален закон за патарини , што резултира со значително повисоки транспортни трошоци.Затоа експертите очекуваат зголемување на цените до 50 центи за кутија пиво или вода.

Во принцип, сите логистички синџири се засегнати од прилагодувањето на патарините. Сепак, влијанието е особено големо за пијалоците , бидејќи тие имаат релативно голема тежина и волумен во однос на нивната вредност. Мора да се земе предвид и враќањето на празна амбалажа.

Сојузното Министерство за дигитален транспорт и сообраќај (BMDV) не ја дели оваа загриженост. Во соопштението за медиумите се вели: „ Трошоците за патарина сочинуваат само мал дел од транспортните трошоци, а со тоа и уште помал дел од вкупниот износ“.

Дополнително, повисоките транспортни трошоци за дизел камионите се поттик да се префрлат на возила попријателски за климата.

Индустријата на тоа гледа поинаку. Има стравувања дека особено помалите пиварници ќе имаат проблем да ги продаваат своите производи низ земјата. Првите компании веќе размислуваат за значително намалување на радиусот на испорака од декември.