Актерот Сергеј Трифуновиќ доживеа сообраќајна несреќа во Белград, кога со мотор налета на автомобил управуван од девојка (23) со пробна возачка дозвола.
Како што е познато, во истрагата било утврдено дека Трифуновиќ возел под дејство на опојни средства, како и дека немал дозвола за управување со мотор. Сообраќајната несреќа се случи на 28 мај на аголот од улиците Макензијевa и Иван Џаја во Врачар.
– Трифуновиќ имал слаб мотор. При влегувањето на раскрсницата во него удрил автомобил кој не ги почитувал сообраќајните правила туку продолжил да се движи и удрил во моторциклот. При несреќата, Трифуновиќ, кој носел кацига, паднал од моторот. Возачот на автомобилот (23) имал пробна возачка дозвола. И двајцата биле подложени на алкотест кој не покажал присуство на алкохол во крвта. Меѓутоа, тестирањето на психоактивни супстанци кај Трифуновиќ открило присуство на кокаин и канабис – изјавил изворот за медиумите и додал дека Трифуновиќ не негирал дека бил под дејство на недозволени супстанци.
Тој наводно бил задржан во полициска станица до 12 часот поради присуство на психоактивни супстанци во телото.
– Против двајцата возачи ќе бидат поднесени барања за поведување прекршочна постапка.