НОВИ ДЕТАЛИ ЗА ЗАКАНИТЕ ШТО ГИ ДОБИЛ ШТИПСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК – СВР-Штип со соопштение за инцидентот

Секторот за внатрешни работни – Штип во писмено соопштение до медиумите потврдува за инцидентот и заканите кои ги добивал градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов од лицето Ј.М. вработен во Оштина Штип.

На 21. март во 22:45 часот во Полициската станица Штип, И.Ј. (35 г.) – градоначалник на Општина Штип, пријавил дека Ј.М. од Штип, вработен во Општина Штип, во неколку наврати во последните неколку месеци му упатувал закани. Според пријавеното, околу 19:40 часот гумите на службеното возило, кое го користел И.Ј., од страна на Ј.М. биле исечени. Се работи на расчистување на случајот“, се вели во соопштението на СВР-Штип.

Градоначалникот на Општина Штип, Јорданов денеска пред медиумите потврди дека иницидентот и заканите ги пријавил во полиција. Според Кривичниот законик сторителот на заканите се соочува со кривично дело загрозување на сигрурност, а затворската казна се движи од три месеци до три години.

Иван ЈордановМакедонијаШтип