Како што објавуваат српските медиуми, претходниот ден од страна на медицински обвластени лица во Србија бил извршен токсиколошки тест за да се утврди дали „детето чудовиште“ – Коста К., бил под дејство на психоактивни супстанци кога го извршил масакрот.
Резултатот од токсиколошкиот тест е негативен, објавуваат соседните медиуми а ова го потврдила и адвокатката Ирина Боровиќ.
Коста К. (13 г.) кој уби осум ученици и чувар во основното училиште каде што учи, активно вежбал airsoft – игра за возрасни во која се носат реплики на вистинско оружје, но не користат муниција, туку топки исполнети со воздух. Меѓу моделите за овој спорт се и калашникови, пушки и снајперисти.
Оружничката Ана Симоновиќ за српскиот весник Telegraf.rs објаснила дека момчето на тренинг по airsoft го донел неговиот татко, а заедно ја вежбале „анти-стрес играта“ која нема старосна граница, како и играта „пејнтбол“. Ана Симоновиќ истакнала дека според неа нема недостаток во Законот за поседување оружје и муниција, напротив, таа смета дека законот е престрог.
Како што дознава Telegraf.rs, полицијата пронашла дури пет пиштоли во сефот на истакнатиот радиолог односно таткото на детето во станот од кои Коста донел два пиштоли во училиштето и го извршил крвавиот чин.