НОВИ ДЕТАЛИ ЗА ПУКАЊЕТО ВО ШВАЈЦАРИЈА – Еве како се случи крвавото двојно убиство

Швајцарската полиција се уште трага по маж кој е осомничен дека убил две лица и тешко ранил едно лице при пукање во компанија во кантонот Вале во Швајцарија.

Според локалните медиуми, пукањето се случило во компанија која се занимава со малтерисување, при што загинале маж и жена, додека една жена е тешко повредена. За нападот е осомничен Себастијан Робин (36 г.), а потрагата по него е во тек.

Како што информираат од полицијата, Себастијан Робин е осомничен дека убил жена на паркингот, а потоа влетал во компанијата и убил маж и ранил жена.

Според првите податоци од истрагата, Себастијан Робин ги познавал своите жртви.

Се верува дека осомничениот побегнал со својот сив автомобил марка „Peugeot“ („Пежо“).

убиствоШвајцарија