Пронајдени се телата на три од четирите исчезнати лица во експлозијата во хидроцентралата во близина на Болоња , потврдија официјални лица. Бројот на жртвите сега се искачи на шест.
Како што беше најавено, пронајдени се телата на Адријано Сканделари (57) од Падова, Паоло Касираги (59) од Милано и Алесандро Д’Андреа (37) од Тоскана.
Телата биле идентификувани од нуркачи кои влегле на ниво -9, кое било поплавено по експлозиите.
Според локалните медиуми, Адријано Сканделари бил специјален соработник на „Енел Грин Пауер“, кој е сопственик на хидроцентралата. Тие наведуваат и дека добил наредба од претседателот Матерела.
Спасувачите се уште трагаат по Винсент Гарзила (68) од Неапол.
„Првото тело беше заглавено под куп шут под вода на ниво 9“, изјави шефот на противпожарната единица.