Припадници на МВР интензивно трагаат по И.А.(1995) од Прибој, полициски службеник, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело убиство, се вели во соопштението на српското МВР.
Осомничениот, кој не бил на должност, се товари дека околу полноќ во ресторан во Прибој му задал неколку удари на триесет и петгодишен маж кој паднал и удрил со главата во шанкот.
Од здобиените повреди 35-годишникот починал во болница во Прибој.
Осомничениот побегнал од местото и по него е започната потрага.
Полициски службеници привеле две лица на информативен разговор поради сомнение дека по извршувањето на кривичното дело му помагале на И.А.