Нови правила во Грција: Автомобилите можат да се качуваат на траекти само под овие услови

Грција воведе регулатива според која батериите на електричните возила не смеат да се полнат повеќе од 40% кога се качуваат на траекти.

Сопствениците на електрични автомобили кои патуваат на траекти во Грција сега мора да ги почитуваат новите правила за полнење на батериите на нивните возила.

Со цел да се намали ризикот од пожар, Грција воведе регулатива со која се наложува батериите на електричните возила да не се полнат повеќе од 40% кога се качуваат на фериботи.


Министерството за поморска и островска политика на Грција ја донесе оваа одлука како безбедносна мерка, пишува ХАК преглед. Правилото стапи на сила во средината на април и веќе го применуваат главните фериботи во земјата, пренесува ADAC.

Оваа мерка е воведена поради опасноста од пожар на литиум-јонските батерии, која може да биде многу тешко да се контролира и изгасне. Фериботите, со голем број автомобили во непосредна близина, се особено ризични места за вакви инциденти. Дополнителен предизвик е гаснењето пожари на возилата додека се на море, што ја прави превенцијата уште поважна.

Грција се надева дека ова ново правило значително ќе го намали ризикот од пожари на траектите и со тоа ќе ја зголеми безбедноста на сите патници.