Ник Киргиос се повлече од Мастерсот во Синсинати. Австралиецот се мачи со повреда на зглобот, па реши да ја продолжи паузата иако претходно најави учество на турнирот.
Да потсетиме, тој е надвор од терените од почетокот на годината и во 2023 година одигра само еден натпревар. Тоа беше во Штутгарт и ги одмери силите со Ву кога загуби со 7:5, 6:3.
Тој падна на 92. место на листата, а по Мастерсот во Синсинати го очекува нов пад, бидејќи во Охајо лани стигна до четвртфиналето, каде загуби од Хуберт Хуркач од Полска.
Мастерсот во Синсинати започнува во понеделник, а ждрепката е закажана за петок, 11. август.
Во државата Охајо се враќа и најдобриот тенисер од Балканот, Новак Ѓоковиќ, кој нема одиграно ниту еден натпревар од финалето на Вимблдон.