Новозеландски војник на бојното поле во Украина пронашол пријател – украински војник за кој мислел дека е мртов бидејќи немал слушнато за него неколку месеци.
Кејн Те Таи е поранешен војник на војската на Нов Зеланд кој доброволно ѝ се придружил на украинската армија, а на бојното поле е повеќе од половина година, пренесува 9News.
На видеото се гледа како Те Таи и војниците влегуваат во подрумот и му кажуваат на човекот да ги крене рацете во вис и да се предаде, мислејќи дека го нашле Русинот кој тие го барале.
Човекот го препознал англискиот јазик и почнал да довикува: „Нов Зеланд? Нов Зеланд!“, а потоа Те Таи го препознал и извикал: „Брат мој!“
Те Таи раскажа сè на социјалните мрежи:
„Пред неколку дена успешно ги нападнавме руските позиции и почнавме да ги чистиме бункерите и подрумите, препознав пријател кој мислев дека е убиен од Русите кога упаднаа во неговата куќа. Тоа беше најдоброто нешто што ми се случи во оваа страшна војна“, рече Те Таи.