Новороденче почина на Детската клиника во Скопје, потврди директорката на Клиниката Стојка Нацева Фуштиќ. Се сомнева дека бебето починало од сепса.
Таа информира дека новороденото бебе било донесено од Прилеп на Детската клиника во тешка состојба, со нарушено дишење, згрижено на Одделот за интензивна нега, првично со неинвазивна респираторна поддршка, а потоа ставено на механичка вентилација.
„Детето е ставено на двојна терапија со антибиотици, соодветна поддршка, односно корекција на пореметувањата, но и бубрежната функција не успеала, седмиот ден завршува лошо. Според клиничките и биохемиските параметри се работи за рана неонатална сепса, која се појавува во првите четири дена и најчесто инфекцијата се јавува при раѓање. Ако пред време и пукнала водата, дали е од источните патишта, еве да шпекулираме… немаме такви податоци. Но, кога беше донесен на клиниката веќе имаше јасни биохемиски клинички знаци на рана неонатална сепса“, објасни директорот на Детската клиника.
Мајката на бебето на социјалните мрежи ги сподели настаните по породувањето, информирајќи дека во болницата во Прилеп, персоналот и кажал дека бебето ќе се лекува со зрачење поради жолтица, но потоа било испратено во Скопје.
Како што објасни Нацева Фуштиќ, жолтицата е физиолошка манифестација кај бебињата. Педесет проценти, вели тој, од бебињата имаат жолтица, а почесто е во физиолошки граници.