НОВО НЕВРЕМЕ И СЕ ЗАКАНУВА НА СЛОВЕНИЈА! Состојбата во земјата е алармантна, а итно се издадени и предупредувања за четири региони во Хрватска

Агенцијата за животна средина на Словенија денес издаде портокалово предупредување за невреме за целата област на Словенија за периодот од 14:00 до 23:00 часот.

Хрватскиот весник Jutarnji List го пренесува соопштението на Агенцијата за животна средина на Словенија во кое се вели дека е можно силно невреме пропратено со град, налети на ветер и грмежи.

Се наведува дека овојпат ќе се формираат бури над Словенија, а нивната позиција и време на потекло ќе биде уште потешко да се предвиди отколку во петок, кога над Италија се формираа олујни системи и се движеа кон Хрватска.

Во Словенија од 18 часот во петокот до 6 часот наутро во саботата поради невремето на терен беа распоредени 32 противпожарни единици. Евидентирани се 102 инциденти, од кои 39 се случиле на подрачјето на регионалниот центар Словењ Градец, 25 на подрачјето на Цеље, 17 на подрачјето на Љубљана и 14 на подрачјето на Копер.

Пожарникарите претежно ги отстранувале паднатите дрвја и ги покривале уништените покриви на куќи и згради, а ја испумпувале и надојдената вода од зградите.

Како последица на обилните дождови се создадоа големи порои и се подигна нивото на водата, поплавувајќи ги зградите и патиштата. Словенечката управа за заштита и спасување соопшти дека се активирани и неколку одрони.

Весникот Jutarnji List наведува дека за денес е издадено предупредување за невреме во Хрватска за четири региони.

невремеСловенијаХрватска