Ново правило на Оскарите! Сите прашуваат: „Kако досега сте работеле?“

Американската филмска академија објави серија нови правила кои ќе важат за следните Оскари, закажани за 15 март 2026 година.

Една од клучните иновации е што сите членови на Академијата ќе мора да ги гледаат сите  филмови  во категориите за кои гласаат?!

Досега тоа беше само препорачано, а гласачите ги избираа категориите за кои сметаа дека се релевантни, но не беа обврзани да ги гледаат сите номинирани филмови. 

„Членовите на Академијата сега мора да ги видат сите номинирани филмови во секоја категорија за да имаат право да гласаат во последниот круг “, се вели во соопштението.

Иако ова изгледа сосема логично, многумина беа изненадени што такво правило не беше на сила до сега. 

Сепак, останува нејасно како точно ќе се спроведе оваа обврска и како ќе се провери дали гласачите навистина ги гледале сите филмови.

Поради двосмисленоста на самото правило, оваа одлука предизвика низа реакции на социјалните мрежи, при што многу корисници на Х изјавија: 
„На кој принцип работеа досега“, „Ова е неверојатно“, „Не ми се верува“.