Контроверзното раперско дуо Десингерица ( Драгомир Деспиќ ) и Пљугица (Лука Бијеловиќ) не престануваат да ја шокираат јавноста со своите настапи, а последниот во низата предизвика остра осуда во јавноста.
Имено, двајцата настапувале во клуб, а Десингерица ги соблекол патиките и почнал да ги турка луѓето со нозете во нивните лица .
Десингерица во еден момент ја сврте ногата и почна да мавта со чорапот низ толпата, што предизвика негодување кај јавноста.
„Дали е реално да оди кон публиката со смрдливи стапала“, „На овој човек му мирисаат стапалата дури и преку екранот“, „Дали е реално луѓето да плаќаат за да го гледаат ова“, беа само дел од коментарите на социјалната мрежа ТикТок.