– Општина Битола постави ново улично осветлување во населбата Долно Оризари и изгради нова пешачка патека која води до тамошната црква „Свети Наум“.
Со завршувањето на активностите, се зголемува безбедноста на граѓаните како учесници во сообраќајот, а посебно на младите, истакна градоначалникот Тони Коњановски кој синоќа оствари средба со жители на Долно Оризари.
Новата патека е во должина над еден километар, a инвестицијата за градежните работи изнесува 3,3 милиони денари, а за уличното осветлување, инвестирани се 3 милиони денари од општинскиот буџет.