Германскиот трговски ланец на електронски уреди „Гравис“ ги затвора вратите на своите продавници по 38 години работа !
Според медиумите од Германија, околу 400 вработени остануваат без работа.
- По речиси четири децении бизнис, компанијата за продажба на компјутери Гравис од Берлин е пред затворање. Трговецот на електроника ќе ги затвори сите свои продавници во Германија – потврди портпаролот на компанијата.
Не се знае точно кога ќе бидат затворени 37-те експозитури и онлајн продавницата, но извесно е дека тоа ќе биде до крајот на годинава. Портпаролот на Гравис наведува дека сите продавници во Германија ќе бидат затворени до 31 декември.
Во последниве години, Гравис не можеше да биде во чекор со брзиот развој на онлајн трговијата и променливите потреби на потрошувачите. Компанијата пред неколку години ја презеде подружницата на Фринет Мобилком-Дебител, но ниту тоа не помогна.
Одлуката за затворање е резултат на падот на продажбата во филијалите, односно помалите маржи, особено во трговијата со производите на Apple.
Гравис неодамна инвестираше многу во маркетингот и во обновувањето на идентитетот на брендот за да се обиде да го врати успехот. Новото лого и модернизираното онлајн присуство требаше да привлечат клиенти и да ја зголемат продажбата без готовина, меѓутоа, и покрај тие напори и дискусии за можни партнерства за спас на бизнис моделот, успехот на крајот не се оствари.
Gravis не е првата компанија која не успеа да го издржи зголемениот притисок на онлајн малопродажбата. Пандемијата и забрзаниот тренд на онлајн купување само ги влошија проблемите со кои веќе се мачеа традиционалните трговци на мало.
Дури ни соработката со Apple не можеше да го спаси Гравис од затворање.
Најголемиот европски производител на мебел за спални, Раух Мобелверке, најави дека нивната фабрика во Мастерсхаузен ќе биде затворена најдоцна до крајот на јануари 2025 година, додека повеќе од 150 вработени од централата ќе останат без работа.