На домашниот пазар се одвиваат нови задолжувања, но и петгодишна државна обврзница.
Министерството за финансии издаде две нови државни хартии и тоа државни обврзници со вкупна вредност од над 91 милион евра кои од денеска котираат на Берзата.
Првата обврзница е петгодишна, што значи дека е издадена во февруари годинава и парите мора да се вратат по пет години, односно во февруари 2029 година.
Оваа државна обврзница тежи близу 45 милиони евра. Станува збор за државна обврзница без валутна клаузула и со оглед на пократкиот рок на отплата, нејзината камата е 4,5 отсто.
Вториот вид на издадени обврзници е 15-годишна обврзница без валутна клаузула и нејзиниот вкупен износ е 46 милиони евра. Бидејќи рокот на отплата е подолг, каматната стапка е повисока и достигнува 5,9 отсто.