Нов земјотерс во Грција, се тресеше брегот на Крит

Земјотрес со јачина од 4,3 степени го погоди денес архипелагот во Егејското Море, Додеканези, јавува Европскиот медитеррански сеизмолошки завод (EMSC). Земјотресот се случил на длабочина од 9 километри, додава EMSC.

Епицентарот на земјотресот бил 160 километри северно од градот Хераклион на Крит, во кој живеат околу 140.000 жители.

Ова е втор земјотрес во областите на Крит. Синоќа беше забележан земјотрес со јачина од 3,5 Рихтера.