НОВ ЗЕМЈОТРЕС ВО СРБИЈА – Повторно се затресе тлото во Петровац

Земјотрес со јачина од 2,5 степени го погоди Петровац вечерва во 21 часот и 25 минути, објавено е на веб-страницата на Републичкиот сеизмолошки завод на Србија (РСЗ).

Земјотрес со јачина од четири степени се случи во Петровац i рано утринава во 4 часот и 45 минути, на 12 километри југоисточно од тоа место.

На земјотресот му претходеа послаби потреси во изминатите неколку дена, а следеше уште еден во 05:03 часот, кој автоматски беше регистриран, а неговата јачина изнесуваше 2,4 степени.

земјотресСрбија