НОВ ЗЕМЈОТРЕС ВО ШТИП! Земјата не се смирува – земјотресот со интензитет од III степени

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, попладнево регистрираше земјотрес 71 километри источно од Скопје кој потекнува од епицентралното подрачје Свети Николе – Штип.

Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот се случил во 16 часот и 21 минути со Рихтерова локална магнитуда ML2.5 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, а бил почувствуван од населението во Штип и околината.

земјотресМакедонијаШтип