Овој силен земјотрес следи по само две недели од катастрофалните земјотреси што го погодија југот на Туркије, а кои беа со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала.
Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди турската провинција Хатај во 20:04 часот по локално време, со епицентар во областа Дефне, соопшти Турското претседателство за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).
Овој силен земјотрес следи по само две недели од катастрофалните земјотреси што го погодија југот на Туркије, а кои беа со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала.
Најмалку 41.156 луѓе загинаа, а 105.505 се повредени во двата силни земјотреси што ја погодија јужна Туркије на 6 февруари, соопштија властите во најновите податоци за природната катастрофа.
Земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени, со центар во Кахраманмараш, погодија повеќе од 13 милиони луѓе во 11 области, вклучувајќи ги Адана, Адијаман, Дијарбакир, Газиантеп, Хатај, Килис, Малатија, Османије, Шанлиурфа и Елазиг.
Неколку земји во регионот, вклучувајќи ги Сирија и Либан, исто така ги почувствуваа силните потреси што ја погодија Туркије за помалку од 10 часа.
„Повеќе од 250.000 лица за пребарување и спасување моментално работат на терен“, изјави на брифингот со новинарите шефот на Турското претседателство за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), Јунус Сезер.
„Најмалку 485.682 лица се евакуирани од регионите погодени од земјотресот досега“, додаде тој.