Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ овој понеделник ја започна 405-та недела на врвот на АТП листата.
Србинот на тој начин дополнително го подобри рекордот кој уште долго ќе му припаѓа.
Најдобрите играчи на денешницата наголемо се подготвуваат за следната сезона и не играа на турнири, па немаше промени во врвот.
Новак е прв со 11.245 бодови, Карлос Алкараз има 8.855, а Данил Медведев 7.600.
За потсетување, Ѓоковиќ ќе игра на егзибиција во Ријад во среда на 27 декември, а противник ќе му биде Алкараз .
АТП листа:
- Новак Ѓоковиќ 11.245
- Карлос Алкараз (Шпанија) 8.855
- Данил Медведев (Русија) 7.600
- Јаник Синер (Италија) 6.490
- Андреј Рубљов (Русија) 4.805
- Стефанос Циципас (Грција) 4.235
- Александар Зверев (Германија) 3.985
- Холгер Руна (Данска) 3.660
- Хуберт Хуркач (Полска) 3.245
- Тејлор Фриц (САД) 3.100
…..
33. Ласло Џере 1.285
52. Душан Лајовиќ 914 г
54. Миомир Кечмановиќ 905
113. Хамад Меѓедовиќ 582