Новак Ѓоковиќ и кога не игра тенис успева да собори светски рекорди.
Најновите вести од „белиот спорт“ сведочат токму за тоа.
Имено, како што објави американскиот новинар Дарен Роуел, рекетот со кој Ноле постигна историски успех – достигна историска цена.
На аукцијата одржана синоќа, рекетот што Новак Ѓоковиќ го користеше во финалето на Ролан Гарос 2016 година, кога со негово освојување стана актуелен владетел на сите четири Грен слем турнири, достигна највисока цена кога станува збор за овој спортски реквизит.
Продаден е за 107.482 долари, што по денешниот курс е околу 98.727 евра.
Во овој момент не се знае кој одвоил толкава сума на пари за рекетот на Ноле, а организаторите на аукцијата истакнаа дека неговата почетна цена била 10.000 долари, а со него и Новак играл во полуфиналето на споменатиот Ролан Гарос.
Ѓоковиќ потоа го освои парискиот Грен слем уште два пати, во 2021 и 2023 година, а оваа година му беше 23-та титула на еден од четирите најголеми турнири.
До 24 стигна со освојувањето на УС Опен, а до 25 можеше да достигне и на Австралија опен, каде што го држи рекордот со 10 титули, со тоа што сега таму се враќа Рафаел Надал, чиј прв настап по речиси едногодишно отсуство и подготовките за „Последниот танц“ – го приближија многу .