Г-7 во вторникот ја повика Кина да изврши притисок врз Русија да ја прекине својата агресија во Украина.
Во соопштението, објавено од Министерството за надворешни работи на Јапонија, кое претседава со Г-7, се вели дека членките се надеваат дека Кина ќе инсистира на итно, целосно и безусловно повлекување на руските трупи од Украина.
Најавата доаѓа во време кога главниот кинески дипломат Ванг Ји е во посета на Русија, за време на која се очекува двете нации да ветат подлабоки политички врски, а на повидок е можна посета на Владимир Путин на Пекинг.
Г-7, исто така, го поздравија учеството на Кина на состанокот во Џеда предводен од Украина и дополнително ја охрабрија Кина да поддржи праведен и траен мир, вклучително и директен дијалог со Украина.
Во заедничкото соопштение на Г-7 не се наведува ниту една земја, но се вели дека нејзините членки го повториле повикот до трети страни да престанат со каква било помош за руската агресивна војна или ќе се соочат со големи трошоци.