Нов срамен потег: Новак Ѓоковиќ изоставен од постерот за Австралија Опен!

Доминацијата што Новак Ѓоковиќ ја воспостави уште еднаш во 2023 година ќе се прераскажува во следните сезони. На 36 години речиси ги освои сите Грен слем турнири, забележа успех и на Мастерсот, ја водеше Србија до крајот на Дејвис купот, но се уште е непочитуван од организаторите и медиумите.

Еден од главните промо постери на медиумскиот партнер на Австралија Опен, кој српскиот ас го освојуваше десет пати, ја нема сликата на актуелниот победник на турнирот! Сепак, треба да се напомене дека овој банер на Eurosport е наменет за британскиот пазар.

Рафаел Надал, Енди Мареј, Камерон Нори, Ига Швионтек и Арина Сабаленка се на споменатиот транспарент, иако заедно немаат освоено ни приближно толку трофеи како Ноле.

Овој потег предизвика и реакција кај фановите на Твитер, со прашањето како е можно да нема место за први во светот.

Да потсетиме, слична ситуација беше забележана и годинава на Вимблдон, кога Нолет го немаше на официјалниот постер на турнирот.