Новиот тренд во кој луѓето ставаат тоалетна хартија во фрижидер го зафати интернетот Ролната тоалетна хартија се зема од новоотворената амбалажа и се става на една од полиците на фрижидерот.
Имено, докажано е дека тоалетната хартија помага во отстранувањето на непријатните мириси. Мирисите на риба, свежо месо и некои зеленчуци понекогаш знаат да бидат интензивни. Влагата од кондензација (која се јавува кога фрижидерот не е доволно ладен) предизвикува и непријатни мириси.
И тука доаѓа тоалетната хартија. Хартијата со текот на времето ги апсорбира течностите и мирисите. По една до две недели – фрлете ja.
За отстранување на непријатните мириси може да послужите и сад со вода со лимон или шолја мелено кафе…
Секако, се подразбира дека фрижидерот треба темелно да се чисти барем еднаш месечно. Најдобро е да користите топла вода со малку оцет и детергент за миење садови.