Во петокот, Бундестагот ги усвои измените на законот за патарина со кои се воведува дополнителен данок на CO2 од декември
Германија ја проширува наплатата на патарините за товарни возила и од ова очекува дополнителни 30 милијарди евра за одржување и развој на патната и железничката мрежа.
Бундестагот во петокот ги усвои измените на законот за патарина со кои од декември се воведува дополнителна такса за CO2, а од јули следната година оваа обврска ќе се воведе и за лесни камиони со носивост над 3,5 тони.
Сега данокот го плаќаат само возилата со носивост поголема од 7,5 тони
Дополнително, со претстојните прописи се менува и намената на средствата, односно дел од парите од патарините ќе одат во сојузниот буџет за инвестиции во германската железничка мрежа.
Во буџетот на Федерацијата, инаку, оди околу половина од приходите од патарините. Годинава во буџетот за одржување на патната мрежа ќе се слеат околу осум милијарди.
Во 2005 година, Германија почна постепено да наплаќа патарини за камиони. Проектот на претходните германски влади да воведат патарини за приватни возила и во 2019 година пропадна поради судир со европското законодавство.