Маж (49) е ранет во вечерашната престрелка што се случила во Куманово, потврдија од Министерството за внатрешни работи на Куманово.
Како што понатаму наведуваат, нерасчистени односи се причина за пукањето во кое било пријавено дека маж (44) пукал од пиштол, а делото било потврдено во 17 часот и 17 минути. Ова го потврдија од Општата болница Куманово, која во 17 часот и 38 минути го пренесе ранетиот со две прострелни рани на двете нозе. Поради тежината на повредите, мажот е испратен во Скопје.
– По укажаната првична здравствена заштита, лицето со екипа од вработени е препратено на васкуларна хирургија во Скопје – изјави директорката на болницата Билјана Ивановска.
Се преземаат мерки за расветлување на случајот, велат од СВР Куманово.