Бројот на загинати во земјотресите во Турција се искачи на 45.089, соопшти денеска државната агенција за справување со катастрофи АФАД.
Земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени ги погодија Турција и Сирија на 6 февруари. Повеќе од 13 милиони луѓе во Турција беа погодени од земјотресите, јавува Анадолија.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска најави формирање на фонд за брза обнова и изградба на градовите по земјотресот.
„Ќе ги отстраниме урнатините, ќе ги залечиме раните, ќе ги замениме уништените домови со нови, ќе изградиме нова иднина и нов живот за нашиот народ“, рече Ердоган.