Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се огласи на Инстаграм во сред ноќ.
Новак на својот профил објави четири фотографии од Црна Гора со интересен опис:
„Небото не е толку сино како над Црна Гора“, напиша српскиот ас кој моментално е во Синсинати .
Да потсетиме, Ѓоковиќ пред заминувањето за САД престојуваше во Црна Гора. Со семејството уживаше на морето, го посети Дурмитор, а потоа на брегот со Јанко Типсаревиќ ги направи последните подготовки за продолжението на сезоната.