Норвешка ги заострува ограничувањата за влез на руските граѓани

Почнувајќи од следната недела, Норвешка ќе ги заостри ограничувањата за влез на руските граѓани, соопшти денеска норвешката влада.

„На руските граѓани кои доаѓаат во Норвешка за туристички и други несуштински цели ќе им биде одбиен влезот во Норвешка кога ќе ја преминат границата“, се вели во документот објавен на веб-страницата на норвешката влада.

Новите правила стапуваат на сила на 29 мај, а важат и за оние кои добиле виза од други земји од Шенген зоната.