Норвешка испрати 24 милиони евра до Агенцијата за помош на палестинските бегалци

Норвешка објави дека испратила околу 24 милиони евра помош до Агенцијата на Обединетите нации (ОН) за палестински бегалци на Блискиот Исток (УНРВА), на која некои земји одлучија привремено да ѝ ја прекинат поддршката, јавува Анадолу.

Норвешкиот министер за надворешни работи Еспен Барт Ајде објави дека Норвешка испратила финансиска помош за УНРВА, која им помага на палестинските бегалци.

„УНРВА е столбот на хуманитарните напори во Газа. Нејзините услуги се од клучно значење за милиони луѓе кои имаат огромна потреба“, рече Еиде.

Од 26 јануари, голем број земји го прекинаа финансирањето на УНРВА, откако Израел обвини дека некои од вработените во Агенцијата на ОН биле вмешани во нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври.

Агенцијата соопшти дека започнала истрага и ги раскинала договорите на неколку вработени по израелските обвинувања.