НОРВЕШКИТЕ РАЗУЗНАВАЧИ ТВРДАТ: На површинските бродови на Северната флота, Русите повторно инсталирале нуклеарно оружје!

Норвешкиот портал Barents Observer објави информација од извештајот ФОКУС 2023 на норвешкото разузнавање, во кој се наведува дека површинските бродови на руската Црноморска флота повторно се вооружени со нуклеарно оружје.

„Централниот дел од руските нуклеарни капацитети е распореден на подморници и површински бродови на Северната флота. Тактичкото нуклеарно оружје претставува особено сериозна закана во случај на неколку оперативни сценарија во кои може да бидат вклучени некои земји-членки на НАТО“, се вели во годишниот извештај на Норвешката разузнавачка служба.

Тоа значи дека руските воени бродови повторно се вооружени со нуклеарно оружје, особено бродовите на Северната флота, како во ерата на Советскиот Сојуз. Ова е првпат од крајот на Студената војна повторно да се споменува нуклеарно оружје на руските воени бродови.

Во извештајот до американскиот Конгрес минатата година за руската нуклеарна доктрина и модернизацијата на оружјето, беше потврдено дека се развиени неколку нови системи за испорака со краток дострел, способни да носат тактички нуклеарни боеви глави. Сепак, според извештајот, никогаш не било потврдено дека нуклеарните крстосувачки ракетни системи како Калибар, Циркон и други поморски оружја всушност се распоредени на море со нуклеарно оружје.

Barents Observer претходно објави за пет различни локации за складирање нуклеарно оружје на полуостровот Кола.

Се верува дека Русија има околу 2.000 нестратешки нуклеарни боеви глави.