“Многу луѓе ме прашуваа како можев да направам нешто толку глупаво“, изјави Норвежанецот
Лидерот на норвешката левичарска Црвена партија, Бјернар Мокснес, поднесе оставка од функцијата претседател на партијата, откако беше снимен како краде луксузни очила за сонце Hugo Boss на аеродромот во Осло.
Тој беше снимен од надзорна камера на 16 јуни во бесцаринската продавница на аеродромот.
Откако снимката од кражбата стана вирална на социјалните мрежи, Мокснес се јавил дека е болен.
Сепак, еден ден пред планираното враќање од боледување, тој ја призна кражбата и поднесе оставка од функцијата.
– Многу луѓе ме прашуваа како можам да направам нешто толку глупаво. Тоа многу пати се прашував во последните недели. Немам соодветно објаснување – напиша норвешкиот политичар на Фејсбук.
За кражба на очила морал да плати казна од околу 270 евра.