Иако според правилото, принцот Вилијам треба да го наследи кралот Чарлс, пророштвото на Нострадамус вели поинаку.
Откако се дозна дека на кралот Чарлс му бил дијагностициран рак, британскиот двор го потресе нов скандал, поради болеста на Кејт Мидлтон и поточно нејзиното долго непојавување во јавноста.
Теориите на заговор за овој случај постојано доаѓаа, а не ги замолкна ниту видеото што се појави неодамна, на кое наводно се гледаат Кејт и принцот Вилијам , кои биле снимени додека се враќале од шопинг.
Покрај сето ова, на социјалните мрежи во фокусот се најде и пророштвото на Нострадамус за 2024 година во кое се споменува кој ќе биде новиот крал на Британија.
Како што обично се случува, наследникот треба да биде неговиот постар син, принцот Вилијам, меѓутоа, пророштвото укажува на поинаков исход.
I’m reading about Nostradamus’s prophecies right now. I’m fully locked in.
— Imani Gandy (Orca’s Version) ⚓️ (@AngryBlackLady) March 18, 2024
Apparently Nostradamus predicted in 1555 that a future British king’s rule would be cut short by a health setback and that he would be replaced by someone unexpected. 👀https://t.co/tZs3LGrRDk pic.twitter.com/ToyxBgx95T
Пасусот гласи:
– Кралот на островите протеран со сила… заменет со оној кој нема да носи никаков знак на крал.
Според Economictimes.com , толкувањата на оваа реченица водат до принцот Хари.
Според ова толкување, принцот Хари ќе го преземе тронот, бидејќи тој е оној кој го нема знакот на кралот, т.е. тој всушност бил отстранет од семејството и сега е далеку, во Америка, пишува NYPost .
Многумина гледаат доказ за ова пророштво во неодамнешната посета на Хари кај кралот. Кога дознал дека е болен, се качил на долг лет за да го види само 45 минути, а потоа веднаш се вратил.
Некои веруваат дека тие двајца се договориле за нешто важно токму тогаш, додека други се скептични дали Вилијам воопшто го посетил татко му.
Нострадамус, наводно, имал посебна способност да ја предвидува судбината на кралското семејство, бидејќи во неговите списи наводно било запишано дека кралицата Елизабета Втора ќе умре на 96-годишна возраст, што се случило.