НОЌВА ЌЕ БИДЕ ‘ПЕКОЛ’ – Израел објави вознемирувачка вест (Видео)

Повикот до жителите на Појасот Газа да се евакуираат на југ беше повторен.
Израел ќе ги интензивира нападите врз Газа од вечерва за да ја намали опасноста за израелската армија во следните фази од војната, изјави портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) , контраадмирал Даниел Хагари.

Хагари ги повтори повиците до жителите на Појасот Газа да се евакуираат на југ од енклавата, објави Ројтерс.

ИДФ останува фокусиран на Газа , каде Хамас држи заложници, и покрај повторените напади на либанската група Хезболах врз северен Израел од Либан, рече Хагари.

-Северот го оценуваме секој ден. Силни сме во одбраната и нападот (на границата со Либан), но главната задача на која сме фокусирани е Газа – нагласи Хагари на прес-конференцијата, објави „Тајмс оф Израел“.