Легендарниот пејач Зоран Калезиќ во текот на животот еднаш откри детали од ноќта кога беше убиен Жељко Ражнатовиќ Аркан и атмосферата во неговиот дом на денот на убиството.
„Кога беше убиен Аркан, Наталија (првата сопруга на Аркан), нивните деца, мојата сопруга Вера и јас ја напуштивме нашата куќа и заминавме во домот на Жељко. Мајка ми изгуби два сина, двајца од моите браќа. Знам колку е тешко. Се сеќавам на солзите на Славка, мајката на Аркан“, ја започна приказната Калезиќ, пренесува Мондо.
Во неколку наврати призна дека е присутен во нивните животи, но само како уметник.
„Кога влегов во куќата на Аркан, мајка му плачеше. Појдов кај неа и ја бакнав. А сега, кај нас секогаш се случува некој да е со Цеца, а некој со Наталија. Тоа се некои од нашите балкански приказни кои не беа потребни во тие моменти. Наталија беше елегантна кога рече – не ми кажувај ништо за тоа, сè му е простено од мене. Аркан повеќе ја сакаше оваа жена (Цеца).”
Така можеше да каже само чесна и голема жена како Наталија во моментот кога починал таткото на нејзините деца.
Да потсетиме дека Жељко Ражнатовиќ беше убиен на 15 јануари 2000 година, нешто по 17:00 часот, во хотелот Интерконтинентал во Белград. Тој беше погребан на 20 јануари на Новите гробишта во Белград.
Улемек за Добросав Гавриќ кој го застрела и ликвидира Аркан Ражнатовиќ рече:
„Гавриќ е само платена будала. Му ветија многу пари. А кога Србин ќе види многу пари ќе го убие татко си, а не еден Жељко. Сигурно државата го избрала да го убие Жељко и му ветила многу пари“, рече тој во емисијата „Без цензура“.