Под мотото „Силно, одговорно и чесно за пристоен живот и европска иднина“ НСДП го одржа Шестиот Конгрес, конвенција на која присутвуваа 550 делегати од сите шест изборни единици. На Конгресот НСДП најави поддршка за актуелниот претседател Стево Пендаровски за претстојните претседателски избори, како и учество во Европската коалиција предводена од СДСМ на парламентарните избори.
– Сакаме европска Македонија да биде пристојно место за живеење во кое нашите деца ќе се школуваат и ќе останат тука да живеат, порача лидерот на НСДП Горан Мисовски во своето обраќање на Конгресот.
Тој рече дека ќе победат на претседателските и на парламентарните избори, зошто, како што рече, на претседателските избори имаат противкандидат кој не го почитува уставното име на државата и вели дека никогаш нема да го користи. Лажните анкети на опозицијата, додаде, пропаднаа со неносењето на „собраните“ потписи во ДИК, туку кандидатурата на нивниот претседателски кандидат беше поддржана само со потписи од 30 пратеници.
СОЧУВСТВО ЗА ЖРТВИТЕ на грозоморниот терористички напад – телеграма од г.г. Стефан до рускиот патријарх Кирил
– Ќе победиме и на парламентарните избори бидејќи опозицијата повторно го нуди мотото на нивното претходно владеење „Три П – пендрек, пари и пропаганда“, иста матрица која ја има и актуелното раководство – рече Мисовски.
На Конгресот поздравни обраќања имаа и претседателот Пендаровски и лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски.