Нуклеарната централа во Запорожје, најголемата централа од овој тип во Европа, попладнево повторно е приклучена на електромрежата соопшти компанијата за пренос на електрична енергија „Укренерго“.
Централата во Запорожје во поголемиот дел од денот работеше на дизел генератори, бидејќи, како што соопштија украинските власти, далноводите биле оштетени во денешните руски ракетни напади.
Најмалку пет лица загинаа во руските напади врз енергетската инфраструктура низ Украина, соопштија украинските власти.