Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вчера изјави дека руското нуклеарно оружје е единствениот одговор на Москва на безбедносните закани, пренесе руската новинска агенција ТАСС, пренесува Ројтерс.
– Поседувањето нуклеарно оружје денес е единствениот можен одговор на некои од значајните надворешни закани за безбедноста на нашата земја – изјави шефот на руската дипломатија.
Минатиот месец, заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, рече дека Москва ќе мора да употреби нуклеарно оружје доколку контраофанзивата на Украина против руските сили биде успешна.
Лавров рече дека САД и нивните сојузници во НАТО ризикуваат „ситуација на директен вооружен конфликт меѓу нуклеарните сили“.
– Сметаме дека ваквите случувања треба да се спречат. Затоа мора да потсетиме на постоењето на високи воени и политички ризици и да испратиме отрезнувачки сигнали до нашите противници – рече Лавров.
Лавров рече дека САД и нивните сојузници во НАТО ризикуваат „ситуација на директен вооружен конфликт меѓу нуклеарните сили“.