Нутриционист ги открива идеалните грицки за пред спиење

Ако имаме проблеми со спиењето, можеби нашите оброци пред спиење би можеле да бидат главниот виновник. Изборот на храна може да има значително влијание врз квалитетот на нашиот сон. Иако е важно да избегнувате оброци со многу маснотии пред спиење, лесните закуски може да ни помогнат да заспиеме.

Според нутриционистот Лорен Махерси, изборот на вистинските закуски пред спиење може да помогне да се стабилизира нивото на шеќер во крвта и да се подобри сонот. Таа откри две идеални и вкусни опции.

1. Јаболка со путер од кикирики

„Јаглехидратите кои брзо се варат од јаболкото помешани со омега-3 мастите од путерот од кикирики се одлична комбинација“, вели Махерси за SheFinds. Оваа ужина е идеална бидејќи не содржи многу калории, но е доволна да нè држи сити во текот на ноќта.

Здравите масти во путерот од кикирики помагаат да се одржи нивото на шеќер во крвта стабилно, спречувајќи ги полноќните болки кои можат да го нарушат сонот. Исто така, оваа закуска е одлична дури и ако сме на диета.

2. Јогурт и суво овошје

Ако сакаме нешто слатко пред спиење, јогуртот и сувото овошје би можеле да бидат совршено решение. Махерси ја опишува оваа опција како „слатко уживање на крајот од ноќта“. Јогуртот е одличен извор на протеини кои помагаат да се одржи стабилно ниво на шеќер во крвта додека спиеме. Одлична опција е грчкиот јогурт.

„Плус, сувото овошје е одличен начин да внесете некои хранливи материи кон крајот на денот“, додава таа.

Оваа комбинација обезбедува задоволување на желбата за слатки, а воедно му ги дава на нашето тело хранливите материи што му се потребни за мирен ноќен сон.