ГРИЖАТА за здравјето на срцето е еден од најважните чекори за долг живот. Знаеме дека здравото срце е резултат на непушење, намален внес на црвено месо и аеробни вежби, но има и други работи што можеме да ги направиме. На пример, маслото е најчесто користена состојка за готвење, но има некои видови кои се всушност штетни за срцето ако не внимаваме.
Според диететичарот Крутика Нанавати, трите најлоши видови на масло се палминото масло, кокосовото масло и маслото од пченка. Зошто? Дознајте подолу.
Палминото масло
Заситените масти се многу лоши за здравјето, а ги има во палминото масло.
„Пламиното масло е богато со заситени масти, што може да придонесе за повисоки нивоа на ЛДЛ холестерол (лош холестерол) во нашите тела. “ објасни таа.
Кокосово масло
Кокосовото масло може да направи чуда за вашата коса, но Нанавати вели дека да не готвите со него, особено ако водите сметка за здравје на срцето.
„Иако кокосовото масло е пофалено за неговите здравствени придобивки, важно е да се напомене дека содржи висок процент на заситени масти – речиси 82 проценти. Истражувањата покажаа дека прекумерната потрошувачка на такви масти може да го зголеми ризикот од коронарна срцева болест со зголемување на нивото на холестерол“, рече таа
Пченкарно масло
Маслото од пченка е уште една популарна опција што треба да се избегнува.
„Пченкарното масло е богато со омега-6 масни киселини, кои не треба да се претеруваат бидејќи можат да предизвикаат воспаление во организмот и да го нарушат односот на омега-6 и омега-3 киселините. Се верува дека оваа нерамнотежа, со доминација на омега-6 масни киселини, придонесуваат за болести на срцето Иако омега-6 масните киселини не се инхерентно лоши, модерната западна исхрана има тенденција да вклучува премногу од овие масти и премалку омега-3 масни киселини, создавајќи нездрава рамнотежа“, заклучи таа за SheFinds.