Н1: Европскиот совет повика на формирање на ЗСО и имплементација на склучените договори

– Европскиот совет денеска ги усвои заклучоците за преговорите меѓу Србија и Косово, во кои ги повикува двете страни „целосно и безусловно да ги спроведат обврските што ги презедоа во дијалогот, вклучително и договорите склучени во 2013 и 2015 година за создавање на Заедница на српски општини“.

– Во светло на неодамнешните тензии на северот на Косово, Европскиот совет нагласува дека итно е неопходно да се постигне напредок во нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија преку дијалог со посредство на ЕУ, предводен од високиот претставник, се наведува во заклучоците на Европскиот совет, јави Н1.

Советот го поздрави неодамнешниот европски предлог, познат и како француско-германски предлог, наведувајќи дека односите меѓу двете страни ќе бидат поставени на „нова и одржлива основа“.

– Европскиот совет го поздравува европскиот предлог за поставување на односите меѓу двете страни на нова и одржлива основа како историска шанса што треба да ја искористат двете страни за да ја остварат својата европска перспектива, се наведува во заклучоците.

Дијалогот меѓу Србија и Косово во последен момент беше вклучен на агендата на самитот на шефови на држави и влади на Европската унија (ЕУ), кој се одржува денеска и утре.