Обвинение за смртта на Лијам Пејн: Пет лица обвинети за убиство од небрежност (фото)

Точно два и пол месеци од трагичната смрт на поранешниот пејач на групата One Direction, Лиам Пејн, во Буенос Аирес, аргентинската полиција официјално обвини пет лица за убиство од небрежност на 31-годишниот музичар и нареди нивно апсење.

Две лица се веќе во притвор, а останатите три имаат одреден рок да се пријават во полиција.

Брајан Паиз, келнер од блискиот ресторан каде што Пејн вечерал со девојката Кејт Кесиди и вработениот во хотелот Езекиел Переира се обвинети за набавка на дрога, додека менаџерите на хотелот Гилда Мартин и Естебан Граси и пријателот на Лиам, Рохелио Роер Норес се соочуваат со обвиненија дека нивната небрижносѕ придонела до трагичен крај на британскиот пејач.

Како еден од клучните сведоци, полицијата ја повика Кесиди, со цел да даде увид во последните денови на Пејн и со желба сите луѓе кои се одговорни за неговата смрт да бидат казнети.