Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжи судењето за случајот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Обвинетиот Велибор Манев при сведочењето ги откри сите детали за киднапирањето и убиството на жртвите. По паузата, откако претходно кажа како е киднапирана Вања, раскажа и како ја убиле. Беше убеден дека ја убил Љупчо Палевски.
„Откако ја ставивме во багажникот, ги следев упатствата на Палевски за движење. Тој возеше пред мене, јас бев зад него. Застанавме пред местото „Оризови дупки“. Го отворивме багажникот. Палевски ја праша како се вика, кои и’ се мајка и татко. Откако дозна, ни рече да ја извадиме од автомобилот за да ја сликаме и да и’ ја испратиме фотографијата на нејзиното семејство. Откако ја извадивме од колата, ја отворив торбата, ја извадив лентата и видов дека не е жена, туку дете. Јас и Влатко бевме до него, му рековме дека не е во ред и дека треба да ја пуштиме. Под маски сме, таа не нè виде, ајде да ја пуштиме. Палевски ми рече да молчам, дека ништо не разбирам, дека сè е јасно, нема што да се грижиме, дека нема да можеме да ја добиеме почетната сума што ни ја понуди за киднапирањето, дека ќе биде помала. Ние молчевме. Се вратив да погледнам низ лозјата, одамна не беше закроено.”
„Да видиме во која од дупките ќе ja ставиме. Додека гледав, Палевски со пиштол и перница во раката и’ пријде на Вања и испука еден истрел. Палчо се врати во камионот, извади нова лопата, ни ја фрли и ни нареди да ископаме дупка за да го закопаме детето. Копавме во замрзнатата земја. Го фати од едната страна Влатко, за глава, а од другата јас и ја ставивме во дупката. Палеваки ја извади торбата и ја фрлил во возилото на Панче Жежов. Ни нареди да ја закопаме, со солзи во очите почнав да ја закопувам. Кога завршивме, ми нареди да го следам во колата. Јас го возев автомобилот на Панче, а тој рено кангу”, рече Манев.
Потоа објасни дека Палевски му го запалил возилото на Панче Жезовски.
„Со пикап се вративме во партиските канцеларии. На снимката на која се гледа црн појас на градите, јас сум на совозачкото седиште. Со пикапот управуваше Љупчо Палевски. Стигнавме во канцеларијата околу 10 часот. Потоа се префрливме во мојот автомобил и продолживме за Велес. Влатко и Палевски останаа во кабинетот“, рече Манев.
Со исказ на обвинетите, денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судскиот процес за киднапирањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жезовски од Велес.
По Манев, на предлог на одбраната, треба да сведочат и останатите обвинети и тоа Боре Видевски, Влатко Кешишев, потоа таткото на Вања, Александар Ѓорчевски и на крајот првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо.