Основниот кривичен суд Скопје го прифати барањето за амнестија на обвинетите Трајко Вељановски, Спиро Ристески, Миле Јанакиески и Владимир Атанасовски.
Кривичната постапка против Трајко Вељановски, Спиро Ристески, Миле Јанакиески и Владимир Атанасовски, покрената со обвинителниот акт на Јавното обвинителство за кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ е прекината.
Против ова решение странките имаат право на жалба преку Апелациониот суд.
,,Причините за ваквата одлука ќе бидат образложени поединечно во писмен одговор што ќе го добиете во најкраток можен рок“, изјави судијата.