Основното јавно обвинителство во Скопје, во кратко соопштение, информира дека постапува по известувањето доставено од СВР-Скопје и издало неколку наредби според кои веќе се преземаат дејствија во врска со бесправните градби во Општина Чаир.
Во меѓувреме, градоначалничката на Градот Скопјe продолжи со обвинувањата и видео снимките во врска со, како што вели, дивоградбите и фалсификувањето документи за кои Градот Скопјe дал негативно мислење, додека раководителката на Чаир ги испратила до Катастарот како „позитивни мислења“.
„Основното јавно обвинителство во Скопје постапува по известувањето доставено од СВР-Скопје и издаде неколку наредби според кои веќе се преземаат дејствија во врска со бесправните градби во Општина Чаир“, информира Обвинителството во врска со тоа дали јавниот обвинител досега прибавил докази од Општина Чаир во врска со тврдењата на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.