Обвинителството обезбедува снимки од кошаркарскиот натпревар меѓу Македонија и Романија

Основното јавно обвинителство Куманово постапува и до СВР Куманово издаде повеќе наредби и насоки за испитување елементи на кривично дело при скандирањата кои содржеа говор на омраза од засега непознати лица на вчерашниот кошаркарски натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и Романија, информираа од Обвинителството.

-Издадена е наредба и за обезбедување на снимките од видео надзор со цел идентификација на евентуални сторители, појаснуваат од Обвинителството.

Натпреварот беше прв од квалификацискиот циклус за Светското првенство во 2027 година, а македонската репрезентација загуби од Романија со резултат 72:80. Со овој спортски настан беше свечено пуштена во употреба реконструираната спортска сала во Куманово.